Поради дефекти на мрежата без струја повеќе села во Kозјачието
20.01.2024 10:42
| Оливера Пешевска
Девет планински села во општина Старо Нагоричане денеска се без електрична енергија, поради дефекти на електродистрибутивната мрежа.

Според информациите до Центарот за управување со кризи од ЕВН Македонија,струја немаат корисниците од селата: Деловце, Длабочица, Драгоманце, Жеглане, Малотино, Осиче, Арбанашко, Кокино, Буковљане.