Поради магла намелена видливоста на патот Куманово-Страцин
20.12.2019 18:23
| KumanovoNews
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Куманово – Страцин, од 100 -150 метри, на планинскиот превој Стража и до 100 метри на планинските превои Ѓавато и Кула.

Како што соопштија од ЈП Македонија пат, сообраќајот на патиштата низ државата се одвива тековно по претежно влажни коловози.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.