Поранешниот директор Стојчевски се враќа во ЈП „Чистота и зеленило“
18.12.2021 11:13
| Сузана Николиќ
Поранешниот директор на ЈП „Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски се враќа на чело на претпријатието, по двегодишна пауза.

Тој во петокот е назначен, а од понеделник ќе ја преземе функцијата од досегашната директорка Цветанка Ивановска.
Стојчевски по професија е правник, а беше директор на ЈП „Чистота и зеленило“ две години, по што две години работеше како раководител на Сектор за поддршка на градоначалникот во Општина Куманово.
Стојчевски ни ја потврди информацијата на негово назначување на старо-новата позиција.