Во Кумановската болница ќе започнат офтамолошките прегледи за идните првачиња
12.03.2024 11:51
| KumanovoNews
Во Општа болница Куманово наредната недела ќе започнат офтамолошките прегледи кои се неопходни заради запишување на првачињата во училиште.

„Со цел да се избегнат гужви и да се изврши навремена услуга за сите дечиња, оваа година редовните прегледи за идните првачиња ќе започнат од 18 март 2024 година. Прегледите се вршат со упат од матичните лекари до Офталмолошка амбуланта за скрининг на првачиња“, велат од Кумановската болница.
Уписите на првачињата ќе траат од 1 до 31 мај. Во новата училишна година 2024/2025 се запишуваат децата родени од 1 јануари 2018 година до крајот на декември истата година.