Поројниот дожд поплави повеќе улици во градот
28.05.2021 09:27
| KumanovoNews
Поројниот дожд проследен со грмежи, кој вчера го зафати Куманово, поплави повеќе улици во градот.
Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), поплавени се улиците: „Октомвриска Револуција“, „Доне Божинов“, „Никола Тесла“, „Бајрам Шабани“, „Мирче Ацев“ и други помали спородни улици, кои имат тесни канализациона мрежа.
„На некои места имаше и појава на град како што е селата Табановце, Четирце, Никуљане, Речица, Режановцe, Рoмановце и Старонагоричкиот дел. Врнежите моментално немаат влијание врз речните корита и водотеците, тие можат да акумулират дополнителна количина на вода. Но, суводолните и каналите се полни но, не прелеваат“, соопштуваат од РЦУК.

