Мени

Поскапува дизелот, бензините со иста цена

01.09.2025 23:03 | KumanovoNews

Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстралесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари по литар.

Поскапува дизелот, бензините со иста цена

Цените на бензините еуросупер БС-95 и еѕросупер БС-98 не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава за 68,50, а екстралесното 1 (ЕЛ-1) за 68,00 за литар.

За 0,128 денари поскапува мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 38,393 денари.