×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поскапуваат бензините и дизелот

    23.09.2019 11:23 | KumanovoNews

    Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува од два до 2,5 денари, додека на дизелот за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетик

    Поскапуваат бензините и дизелот

    Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 69,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98 ќе биде 72 денари, а Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар. За еден денар се зголемува цената на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 53,50 денари за литар.

    Зголемување има и кај малопродажната цена на мазутот кој ќе се продава по 34,034 денари за килограм.

    Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 8,97 отсто, кај дизелот има зголемување во просек за околу 5,35 отсто, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 4,39 отсто и кај мазутот зголемување во просек за околу 10,77 отсто.

    Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,6238 денари за долар и е за 0,39 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.