Поскапуваат бензините и дизелот
18.05.2020 12:05
| KumanovoNews
Регулаторната комисија за енергетика информира дека од вечер на полноќ поскапуваат нафтените деривати во просек за 3,56 проценти.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит и ќе изнесува 57,00 ден/лит.
Цената на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар и од вечерва на полноќ дизелот Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 47,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 35,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,329 ден/кг и ќе изнесува 19,498 ден/кг.