×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање
  • Политички маркетинг

  • Поскапуваат горивата од половина до еден денар по литар

    03.11.2025 19:56 | KumanovoNews

    Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото еуродизел БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

    Поскапуваат горивата од половина до еден денар по литар

    Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 отсто.

    Новата малопродажна цена на еуросупер БС – 95 е 74 денари за литар, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 76, а еуродизел БС (Д-Е V) за 71 денар за литар. Цената на екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) не се менува и останува 69,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,856 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 36,913 денари.