Поставен бекатон на улици во Ваксинце и Лојане
09.12.2014 09:54
| KumanovoNews
На две улици во липковските села Ваксинце и Лојане од неодамна е поставен бекатон.

На двете локации се поставени по 700 метри квадратни бекатон, донација од ОБСЕ.
“Во Лојане поставен е бекатон од селската џамија до центарот на селото. Истото е направено и на една уличка во Ваксинце. Жителите повеќе нема да газат кал и се многу благодарни на ОБСЕ за помошта“- рече Дије Арифи, раководител на сектор за урбанизам во општина Липково.
Арифи објаснува дека досега реализирале многу проекти во соработка со ОБСЕ.