×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поставен камен темелник за изградба на црква во селото Клечовце

    17.01.2023 11:38 | Сузана Николиќ

    На темелите на стара црквичка на м.в. „Падина“ во близина на селските гробишта започна изградба на новата црква во кумановското село Клечовце. Камен темелникот и осветувањето на црквата, која што ќе носи името „Св. Ѓорѓи Победоносец“, е поставен вчера во присуство на свештеници од Кумановско-Осоговската епархијата.

    Поставен камен темелник за изградба на црква во селото Клечовце

    Црквата ја гради ктиторот Драган Нешевски мештанин од селото, со поддршка на сожителите, но и од сите други добронамерници и христијани.

    „Очекуваме дека ќе се приклучуват многу луѓе, со донации, парични средства и градежен матријал. Се надеваме дека ќе помогне и Општина Куманово. Секоја донација е добредојдена за побрзо завршување на црквата. Со господ напред, да се надевеме дека што поскоро овде ќе има многу венчавки и крштевки“, велат жителите на Клечовце. 
     

    Името на светецот е земено од предходната црква, а и темелите се на местото кај што била поранешната црква. 

    „Немаме точен податок кога таа црква е изградена и урната, но претпоставуваме дека е од турско време. Останале само ѕидови во висина од еден метар до земјотресот во 1963 година кога е срамнета со земја. Но, крстот од камен и ѕидовите беа видливи и со години се правеа напори за возобновување на светиот храм. На местото постоеше мала црквичка која била изградена привремено до урнатините, ама никогаш не била осветена и покрај тоа што мештаните тука ги правеле сите обреди“, вели Катерина Нешевска.

    По кажувањето на старите жители првата црква била изградена од Цар Милутин во исто време кога и црквата „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане.