Поставена новогодишната елка на Градскиот плоштад
16.12.2014 14:21
| KumanovoNews
На Градскиот плоштад денеска е поставена новогодишната елка. Елката е висока десет метри и сеуште не е украсена.
Деновиве ќе бидат поставени и новогодишните украси во централното градско подрачје, а ќе се украсат и булеварите, влезот и излезот на градот. Оваа година новогодишното украсување ќе биде скромно и за него ќе бидат одвоени околу 200.000 денари.