×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поставени патокази и информативни табли за локалитетот Кокино

    17.07.2020 08:31 | KumanovoNews

     ЛАГ АБЕР 2015 го заврши проектот за подобрување на визибилноста на архео-астрономскиот локалитет Кокино.

    Поставени патокази и информативни табли за локалитетот Кокино

    За таа цел изготвени се нови патоказни и информативни табли,  кои значително ќе ја олеснат посетата на Кокино, особено за странските туристи, кои постојано апелираат да се подобри патната сигнализација.

    „Преку истата донација, активен е сајтот за Кокино: www.visitkokino.com, на кој се наоѓаат основните информации за вредностите на овој локалитет и можностите за негова посета. Активирани се мобилните апликации за аудио-водење на локалитетот, додека за сите оние кои се заинтересирани за посета со водич, може да се обратат во НУ Музеј Куманово или да резервираат водич на сајтот www.kokino.mk“ додаде Дејан Ѓорѓиевски, археолог во НУ Музеј Куманово.

    Тој апелираше до посетителите да се придржуваат до препораките за посета на локалитетот, како и до протоколите за посета утврдени со одлука на Министерството за култура, како и до месното население да не ги оштетува или уништува патоказните табли, затоа што руралниот развој преку културниот туризам е од интерес на сите нас.

    Проектот беше спроведен во соработка со НУ Музеј Куманово, преку донација добиена од Амбасадата на Република Франција.

    (Ф.М.)