Поткозјачки литературни средби во Куманово
Во Занаетчискиот дом во Куманово, вечерва со почеток во 19 часот, ќе се одржи литературната манифестација Поткозјачки литературни средби 2019, во рамките на "Ноемвриски денови"-Ден на ослободување на Куманово, како и јубилејот 500 години постоење на Куманово.

На Поткозјачките литературни средби 2019 свои литературни дела ќе читаат: Ирена Белешковска, Оливера Доцевска , Емилија Колевска , Ана Љубиќ , Марина Мијаковска, Ленче Милошeвска, Давче Насевски , Кристина Николова, Мишел Павловски, Христо Петрески, Елена Пренџова, Мито Спасовски, Снежана Стојчевска, Стојан Тарапуза, Љерка Тот Наумова.
Во програмата ќе настапи гитаристот Дарко Трајковски и мадите актери Мики Јаневски и Симона Атанасовска.
Оваа литературна манифестација е под покровителство на: Градоначалник и Општина Куманово, во организација на "Јустиција" Куманово и "Центар за култура и културолошки студии" Скопје, во соработка со ЈОУ Библиотека "Тане Георгиевски" Куманово, Секторот за култура и спорт при Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт.