Потпишанa спогодбa за отворање на заеднички граничен премин Лојане-Миратовац
Mинистрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Оливер Спасовски и Небојша Стефановиќ, денеска потпишаа спогодна за отворање на заеднички граничен премин Лојане-Миратовац, на македонско-српската граница.

„Овој граничен премин е проблем со кој жителите на двете села се борат скоро 20 години. Нашата работазапочнува со отворање на заеднички граничен премин кој, за почеток, ќе функционира како граничен премин за локален сообраќај, а по исполнување на условите конечно ќе профункционира и како заеднички граничен премин за меѓународен патен сообраќај“, - истакна министерот Спасовски.
Со овој проект се обезбедува директна комуникација на жителите на Лојане и Миратовац и околните места, кои досега мораа да патуваат и по 40 километри за да стигнат до местата кои им се оддалечени само 2 километри.
Министерот Стефановиќ изрази задоволство што владите од двете земји обрнуваат посебно внимание на темите коишто се важни и ги олеснуваат животите на луѓето.