×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Потрошувачката на вода зголемена од 30 до 50 отсто, од „Водовод“ апелираат за рационално трошење

    17.07.2020 10:49 | KumanovoNews

    ЈП „Водовод“ од Куманово повторно апелира за рацонално користење на водата од градскиот водовод, бидејќи  и понатаму не се почитува апелот и се користат огромни количини на вода за вадење на бавчи и миење на возила.

    Потрошувачката на вода зголемена од 30 до 50 отсто, од „Водовод“ апелираат за рационално трошење

    Оттаму соопштуваат дека, во летниот период потрошувачката на водата кај граѓаните, поради нерационалното користење, се зголемува од 30 до 50 отсто зависно од деновите, за разлика од останатите  периоди во годината.

    Директорот на претпријатието, Горан Стојковски вели дека досега не се преземале порестриктивни мерки, затоа што имало пад во температурите, но потенцира дека во наредниот период кога ќе има повисоки температури, дека доколку не се почитува апелот, ќе бидат приморани да преземат соодветни мерки.

    „Ако трошиме триста литри вода во секунда, во времето кога не е летна сезона, кога ќе дојдат потоплите денови, кај нас потрошувачката е и до 400 литри, па и повеќе. Водостојот се` уште не е сведен на минимум, со оглед на тоа дека температурите во текот на овие денови и се намалија, меѓутоа доколку доколку се продолжи со ваков начинн на трошење на водата ќе мора да се започне со рестрикции. Во текот на двете недели откако упатив апел, повторно се користат огромни количини на вода за наводнување и миење на возилата“, додаде тој.

    (Фросина Марковска)