×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Потврдени 2 нови случаи на голема кашлица, 9 во последната недела во Куманово

    22.03.2024 14:41 | Оливера Пешевска

    Уште два нови случаи на голема кашлица лабораториски се потврдени во Центарот за јавно здравје во Куманово. Со тоа последната недела од 15 до 22 март се регистрирани вкупно 9 заразени.

    Потврдени 2 нови случаи на голема кашлица, 9 во последната недела во Куманово

    Возраста на заболените се движи од 4- месечно бебе до 47 - годишна жена, но според анкетите тие не се епидемиолошки поврзани.

    „Во последнава недела имаме 9 новозаболени пациенти, едниот од нив лабораториски потврден во приватна лабораторија, останатите осум кај нас во Центарот за јавно здравје во Куманово. Од епидемиолошките анкети е утврдено дека 6 од нив се целосно вакцинирани, согласно возраста и календарот“, истакна д-р Едита Рамизи, епидемиолог во ЦЈЗ Куманово.

    Хоспитализирано е 5-месечно бебе во Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле, додека останатите пациенти се во изолација во домашни услови, со пропишана терапија.

    Докторката Рамизи потенцира дека сите сомнителни случаи може да се јават во микробиолошката лабораторија во ЦЈЗ Куманово, каде може да ги извршат потребните испитувања без да патуваат до другите градови во државата или да плаќаат повискои цени во приватните лаборатории.

    Според податоците меѓу заболените има 20- годишна студентка, 16- годишна ученичка во средно училиште, неколку деца на училишна возраст и едно четиригодишно дете кое посетувало едукативен центар. Надлежните се алармирани и будно се следи состојбата на сите деца со кои заболените биле во контакт.

    Состојбата со пертусис будно се следи во образовните институции, особено откако е детектиран случај на дете на училишна возраст, кое било згрижено во дневен престој во градинката „Ангел Шајче“.

    „Досега имаме само едно дете кое е заболено од пертусис, се работи за дете кое оди во целодневен престој на возраст од 6-10 години, училишна група и за тие деца ги следиме истите препораки во клоновите Кокиче, Бамби и Пчелка. Тие деца мора да имаат примено примовакцинална серија од 3 дози, меѓутоа по последнат доза од примовакциналната серија мора од рок од 6 месеци да ја примат првата ревакцинација.Тоа се однесува и за децата од училишна возраст. Затоа децата кои не примиле ревакцинација, мора задолжително да ја примат па дури тогаш да ги примиме во градинка“, потенцираше директорката на градинката Марина Алексовска.

    Такви препораки издаде и Комисијата за заразни болести и важат на територијата на целата држава. 

    Од првиот потврден случај досега бројката достигна од 14 во Куманово.