×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повеќе од 2.000 акредитирани набљудувачи за изборите

    09.07.2020 09:39 | KumanovoNews

    Вкупно 2.154 акредитирани набљудувачи ќе има за предвремените парламентарни избори.

    Повеќе од 2.000 акредитирани набљудувачи за изборите

     Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден кога може да се поднесе пријава за мониторинг на изборите.

    Бројката за домашни набљудувачи достигна 2.018. Меѓународни набљудувач се 81, преведувачи 49, а ќе има и 6 странски новинари. Во домашните, ќе бидат присутни НВО МОСТ со 905, Цивил – центар за слобода со 278, АКСИОС 2017 со 797 и од Националниот центар за Роми – Куманово ќе има 38 набљудувачи. Во врска со странските набљудувачи и преведувачи, ќе има од неколку амбасади, но и од сите соседни земји. Најпретставителни ќе бидат членовите на ОБСЕ-ОДИХР кои ќе бидат специјална комисија за проценка на изборите, со 33 набљудувачи и 14 преведувачи.

    Изборниот молк започнува во недела на полноќ, а во понеделник и вторник ќе гласаат заразените со вирусот Ковид-19, луѓето во самоизолација, болните и изнемоштените.

    (Д.Д.)