Црвен крст со апел до граѓаните да даруваат крв, потребни се групите A+ и O+
31.07.2025 08:40
| KumanovoNews
Општинска организација на Црвен крст Куманово ги повика граѓани да даруваат крв поради недостиг од крвните групи А+ и О+ во Институтот за трансфузиона медицина.

„Сите што се во можност, а имаат една од овие крвни групи, да даруваат крв и да помогнат во спасување на човечки животи“, стои во објавата.
Дарувањето може да се изврши во Институтот за трансфузиона медицина во Куманово, секој понеделник и четврток, во периодот од 08:00 до 13:00 часот.
„Хуманоста нема граници, а секоја донација може да биде клучна за нечиј живот“, велат од Црвен крст Куманово.