×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повик за активните мерки за вработување и обуки објави Центарот за вработување во Куманово

    13.07.2020 10:58 | KumanovoNews

    Центарот за вработување во Куманово oбјави повеќе обуки и мерки за вработување на лица коишто се активни баратели на работа или пак се микро, мали, или средни претпријатија, со цел да станат поконкурентни на пазарот на трудот, а невработените лица да го решат својот проблем на невработеност.

    Повик за активните мерки за вработување и обуки објави Центарот за вработување во Куманово

    Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки. За време на обуките невработените лица добиваат бруто надомест во износ од 9000 денари, односно 7.411 денари во нето износ, а имаат и платен персонален данок и професионално заболување. По завршување на обуката ќе се стекнат со соодветен сертификат за завршена обука од одредено занимање. Огласите се отворени се` до исполнување на предвидениот број.

    „Целта на овие мерки е невработените лица да станат покoнкурентни на пазарот на трудот или пак да го решат својот проблем на невработеност преку започнување на сопствен бизнис. Ги повикувам сите невработени лица коишто се заинтересирани да се вклучат во мерките коишто се опфатени со Оперативниот план и да ги следат огласите за вработување на нивната веб страна или пак на огласната табла пред центарот во Куманово“, вели Марија Димиртијевска, раководител на Центарот за вработување во Куманово.

    Во моментот во Агенцијата за вработување во Куманово е отворен огласот за мерката за побарувани занимања, каде се опфатени профилите за службеник во книговодство, неговател на стари и немоќни лица и фризер.

    Исто така,објавен e и огласот за практиканство, кој се објавува по третпат годинава. Оваа мерка се однесува за млади невработени лица до 34-годишна возраст, со минимум основно образование , кои немаат работно искуство согласно образование и се активни баратели на работа.

    По вторпат оваа година е отворен и огласот од програмата за поддршка за самовработување и претприемништво. Јавниот повик се однесува на сите заинтересирани невработени лица од следниве целни групи: лица кои го згубиле работното место поради Ковид-19, корисници на гарантиран минимален приход, млади невработени лица коишто сакаат да основаат свој бизнис, како и невработените лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис. Со исклучок за самовработување нема да биде подржана земјоделската дејност, такси службата, производство  на оружје и муниција, финансиско осигурителни бизниси, со тоа што лицата со попреченост и лицата на гарантирана минимална помош како и невработените лица роми ќе можат да регистираат правен субјект во земјоделска дејност и такси служба, тие се изземени од другите целни групи.

    Мерка којашто се однесува кон работодавачите и невработените е субвенционирање на плати. Оваа мерка се однесува на сите заинтересирани микро, мали и средни фирми, социјални претпријатија и граѓански организации коишто се занимаваат со економска активност, при вршење на своја дејност како и на новите претпријатија основани преку програмата за самоврабтоување во 2019 година.  

    Воедно е отворен и јавниот оглас за отворање на нови работни места во правните субјекти преку користење на кредитни средства, во кој може да учествуваат мирко, мали и средни претпријатија.

    Следни мерки коишто исто така се дел од Оперативен програм,  се обука на работно место за познат работодавач, како и обука за стручни квалификации според барање на работодавачите. Исто така е отворен огласот и за стручни обуки според барањето на работодавачите којашто ќе биде имплементирана од страна на Агенцијата за вработување на Македонија, во партнерство со УНДП Швајцарска агенција за развој и соработка. Работодавачот е задолжен да вработени најмалку 50 отсто од лицата коишто ја завршите обуката, во времетраење од 6 месеци.

    Од Центарот за вработување во Куманово, велат дека овие мерки се насочени кон креирање на нови работни места, преку субвенционирање на работодавачите, обука за конкретни работни места, со цел стекнувања на одредени знаења и искуства од различни области, коишто ќе ги направат поконкурентни на пазарот на трудот.

    Во тек се и огласите за напредни ИТ вешитини, како и оглас за вовенди обуки за ИТ вештини којшто ќе се реализира онлајн, кои се однесуваат за невработените млади лица до 34-годишна возраст, коишто се заинтересирани за стекнување на вештини од областа на информатиката.

    За самовработување досега на првиот оглас на ниво на Центар за вработување на Куманово имаат аплицирано 180 лица, активни баратели на работа, а во моментот е изработката на нивните бизнис планови. За практиканство имаат аплицирано 147 лица кои се вклучиле во практична обука. Преку финансиска  поддршка за креирање и создавање на нови работни места се вработени 56 лица, а преку субвенционирање на плати 73 лица. Досега има 10 апликации за напредни ИТ вештини, а за онјалн оваа година аплицирале 28 лица, додека пак преку мерката јавни работи се ангажирани 16 лица коишто се вклучени во одржување на зелените површини на градот Куманово.

    (Ф.Марковска)