×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во прекин сообраќајот на автопатот Скопје - Куманово

    17.07.2025 18:28 | KumanovoNews

    Сообраќајот на автопатот Скопје - Куманово, во двата насоки е во прекин, соопшти попладнево Автомото сојузот на Македонија.

    Во прекин сообраќајот на автопатот Скопје - Куманово

    Причината е, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, густиот чад од пожарите во близина на автопатот, и поради сообраќајна незгода.

    МВР соопшти дека поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, и возилата се насочуваат кон Петровец

    "Ги известуваме граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.јули, затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци. Возилата се пренасочуваат кон Петровец. Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот, за што сооодветно ќе известиме, велат од МВР.

    Во Скопскиот регион се пријавени пожари помеѓу Индустриска Зона Бунарџик и рафинерија Окта.