Пуштен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик
17.07.2025 22:21
| KumanovoNews
Автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, по неколку часовен прекин вечерва е пуштен за сообраќај во двата правца.

"Ги известуваме граѓаните дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци, кој поради пожар кој настана попладнево (17.јуни) беше затворен за сообраќај", соопшти МВР.
Додека беше затворен дел од автопатот возилата се пренасочуваа преку Петровец.
Причина за затворањето на автопатот беше поради големиот пожар помеѓу Индустриска зона Бунарџик и рафинерија Окта, па густ чад се спуштил на коловозот, а била предизвикана и сообраќајна незгода.