Повисока свест кај возачите и граѓаните заради безбедност во сообраќајот, апелира министерот Спасовски
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Куманово, оцени дека безбедносната состојба во сообраќајот во Куманово и регионот е стабилна и покрај зголемената фреквенција на автомобили, но апелираше на повисока свест кај возачите и граѓаните.

„Полицијата е на терен, преземаме превентивни мерки во однос на регулација на сообраќајот, но сите заедно мора да си помогнеме ако сакаме да имаме безбеден град. Веќе 20 дена е зголемена контролата во сообраќајот, меѓутоа не можеме да задолжиме по еден полицаец на секој возило. Имаме патроли на булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“ и околу Кејот, меѓутоа за тоа мораат да помогнат и возачите и граѓаните, генерално ако сакаме да бидеме безбедни, - изјави Спасовски.
Тој додаде дека полицијата ќе се доближи до граѓаните заради поголема соработка.