Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здравствените работници кои директно се вклучени во лекување на пациентите заразени од КОВИД-19 во земјава, ќе добијат 20 отсто повисока плата за 2 месеци,најави денеска премиерот Оливер Спасовски, кој им се заблагодари за нивната посветеност и работа.
„Здравствените работници во битката со КОВИД-19 се во првите редови и тие го заслужуваат целото наше внимание и благодарност. Заради нивната посветеност, надежта и оптимизмот во битката со КОВИД-19 беа реални, остварливи“, - кажа Спасовски.
Зголемени плати ќе добијат докторите и медицинскиот персонал на инфективните клиники и одделенија, на Универзитетската клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, на Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје, како сите членови на тимовите од итна медицинска помош, а ќе им биде исплатена преку домашна платежна картичка.