Повреден 17-годиник, со „ауди“ излетал од патот
        29.05.2025 19:42
                  |               Сузана Николиќ                                  
	         
      Тинејџер е повреден во сообраќајна несреќа на регионалниот пат граничен премин Белановце- Куманово.
                  „Во атарот на с.Слупчане, општина Липково, синоќа околу 23.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано 17-годишник од с.Отља, општина Липково, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



