Повреден градежен работник, паднал од скеле додека работел на станбен објект
06.04.2021 09:48
| KumanovoNews
Градежен работник од Куманово е тешко повреден откако паднал од скеле. Несреќата се случила вчера во 12.30 часот во населбата „Ајдучка чешма“.

„И.Н.(62) при извршување на градежни работи на станбен објект, паднал од скеле и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово“, соопштува МВР.
Во 13.05 часот во СВР Куманово била пријавена несреќата. Од страна на полициски служебнеици извршен е увид на местото на настанот.