Повреден и ограбен вработен во обложувалница во Куманово
23.02.2022 15:05
| Сузана Николиќ
Во СВР Куманово било пријавено дека вчера во 21.10 часот во спортска обложувалница на улица „Народна Револуција“ во Куманово две лица со остар предмет го нападнале вработениот В.Р.(36) од Куманово и одзеле пари.

Тој се здобил со повреди и бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување лекарска помош.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.