Повреден мотоциклист, излетал од коловозот на „Благој Илиевски Гуне“
20.05.2020 09:03
| KumanovoNews
Момче од Куманово се здобило со тешки повреди, откако вчера паднало од мотор.

Несреќата се случила околу 18.30 часот на ул.„Благој Илиевски Гуне“ во Куманово, кога мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(24) од Куманово, изгубил контрола и излетал од коловозот.
По незгодата, Р.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.