Повреден пешак на „Октомвриска“
02.02.2023 20:45
| KumanovoNews
Пешак се здобил со сериозни повреди, откако во него удрил автомобил на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

„Несреќата се случила вчера во 14.20 часот, кога патничко возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 51-годишен жител на општина Старо Нагоричане, удрило во пешакот Д.Ѓ.(43) од Куманово“, соопшти МВР.
Повредениот пешак е пренесен во Општа болница во Куманово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Куманово.