Повреден пешак во Куманово
14.02.2020 13:21
| KumanovoNews
Пешак се здобил со тешки повреди откако во него удрил автомобил.

Несреќата се случила вчера во 11.40 часот, на крстосницата од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Киро Фетак“ во Куманово, кога патничко моторно возило „шкода фабија“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(20) од с.Матејче-општина Липково, удрило во пешакот М.К.(84) од Куманово.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.