Повреден пешак во Лопате
18.10.2022 12:08
| KumanovoNews
На крстосницата од регионален пат Куманово - Липково и локален пат за с.Лопате, вчера во 8 часот, патничко возило „опел зафира“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.И.(28) од с.Слупчане, липковско, удрило во Љ.М.(54) од с.Лопате.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.