Повреден пешак во сообраќајка
11.11.2021 14:42
| KumanovoNews
Пешак се здобил со тешки повреди откако бил удрен од патничко возило на ул.„Никола Тесла“ во Куманово.

Сообраќајната незгода се случила вчера попладне, кога патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.К.(19) од Куманово, удрило во пешакот Д.Т.(43), исто така од Куманово.
Во несреќата, Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.