Повреден пешак во сообраќајка на улицата „11 Ноември“
15.10.2021 10:40
| Жаклина Цветковска
Пешак се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа ,која се случила вчера, во 18.35 часот, на ул.„11 Ноември“ во Куманово.

Во СВР Куманово било пријавено дека патничко возило „форд фокус“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од кумановецот Е.Љ.(32) , удрило во пешакот Ф.Љ.(87), исто така од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кои биле констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.