Повреден работник при работа во јавно претпријатие
30.03.2024 17:06
| KumanovoNews
Шеесет годишен работник е поврeден додека извршувал работни задачи во кумановско јавно претпријатие, по што бил префрлен во болница. Случајот го пријавил дежурен лекар.

„Вчера во 22.21 часот во СВР Куманово од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив бил донесен Б.Б.(60) од Куманово со тешки телесни повреди, со кои се здобил при извршување на работни задачи во јавно претпријатие во Куманово“, соопшти МВР.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Куманово.