Повреден работник во фабрика во Доброшане
01.11.2023 15:12
| Сузана Николиќ
Во Кумановската полиција вчера во 14.30 часот било пријавено дека во Итна медицинска помош Куманово со повреди бил донесен Т.С. (56) од Куманово.

„Тој се здобил со повредите на работното место во фабрика во село Доброшане, кумановско. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршиле увидна екипа од СВР Куманово и трудов инспектор“, соопшти МВР.