Повреден работник во фабрика во Младо Нагоричане
13.02.2024 12:20
| Теодора Стоевска
Во 15.15 часот во СВР Куманово, од Ургентен центар во Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Т.П. од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во фабрика во село Младо Нагоричане. Увид бил извршен од екипа од СВР Куманово.