Повреден рудар при работа во рудник кај Крива Паланка
23.06.2026 15:48
| KumanovoNews
Рудар е повреден при извршување работни задачи во рудник во Крива Паланка.
Според полицијата, ноќеска во 02:55 часот во Здравствениот дом во Крива Паланка бил донесен М.Д. (48) од селото Киселица, кривопаланечко, за укажување на лекарска помош.
Според пријавеното, тој се здобил со повреди при извршување на работните задачи во рудник во Крива Паланка.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.