Повреден велосипедист кај Автобуската станица во Куманово
20.07.2020 12:54
| KumanovoNews
Велосипедист се здобил со тешки повреди откако во него удрил автомобил, во близина на Автобуската станица во Куманово.

Според МВР, вчера во 15.20 часот на крстосница од ул.„Доне Божинов“ и ул.„Братство Единство“ во Куманово, патничко возило „лада нива“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(49) од Куманово, удрило во велосипед, управуван од В.Х.(56) од Куманово.
По незгодата, В.Х. бил пренесен во Клиничка болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.