Повреден велосипедист на кружниот тек кај Митев Мост, со автомобил го удрил 82-годишен возач
06.11.2023 14:45
| KumanovoNews
Велосипедист се здобил со тешки повреди, откако во него удрило возило опел, кој го управувал 82-годишен возач.

Несреќата се случила вчера во 10.30 часот на кружниот тек на бул.„Октомвриска револуција“, бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Благоја Богдановски Гуцман“ во Куманово, кога патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј. (82), удрило во велосипед управуван од Р.М. (66) од Куманово.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.