Повреден возач на автомобил по судир со локомотива на железничката пруга во Романовце
18.07.2023 15:00
| Оливера Пешевска
Возач на автомобил е повреден вчера околу 15.00 часот по судир со локомотива на железничкиот премин во село Романовце.

„Железничка незгода помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(28) од Куманово и локомотива. Во незгодата со телесни повреди се здобила М.М. констатирани во Општа болница Куманово“соопштуваат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.