Повреден возач, со „порше“ излетал од автопатот
11.03.2023 18:31
| Сузана Николиќ
На автопатот Куманово - Скопје во атар на с.Романовце, кумановско, синоќа околу 20 часот, патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишен скопјанец, излетало надвор од коловозот.

По несреќата возачот бил пренесен во Ургентен центар - Куманово, каде од лекар му е констатирана тешка телесна повреда.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово.