Повредена малолетничка на паркинг на улицата „Ѓорче Петров“
05.04.2024 22:25
| KumanovoNews
Малолетничка вчера била повредена откако била удрена со автомобил на паркинг во Куманово.

“Во СВР Куманово во 12 часот било пријавено дека на паркинг простор на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 64-годишниот Т.Ж. од Куманово, удрило во малолетничка-пешак од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.