Повредена малолетничка, со мопед излетaла од патот
05.07.2023 12:47
| KumanovoNews
Малолетничка вчера е повредена во сообраќајна незгода на локалниот пат во селото Табановце.

„Незгодата се случила вчера во 17.20 часот, кога со мопед „педа“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетничка од истото село, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово“, соопши МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.