Повредени 10 градежни работници на градилиште во Куманово
Десетмина работници претпладнево се повредени на градилиште во Куманово.

Двајца од нив се во критична состојба и пренесени се на лекување во Скопје, информираа од Кумановската болница.
„Кај нас се донесени повредени десетмина градежни работници. Двајца пациени се во критична состојба, едниот е донесен во бесознание, а другиот тука му слошило. Тие се префрлене и во Ургентниот центар на Скопските клиники. На останатите пациенит им се прават иследувања, но сите се во стабилна состојба и задржани се во дневната болница“, - изјави директорката Снежана Захариева.
Се работи за млади луѓе на триесетина години.
Од СВР Куманово ја потврдија несреќата и се работи на утврдување на причините.