Повредени двајца Кумановци на автопатот Миладиновци – Штип
18.11.2021 12:03
| KumanovoNews
Две лица од Куманово се повредени во сообраќајна незгода на автопатот Миладиновци-Штип, откако удриле во работна машина што била паркирана во близина на патот.

Според МВР, незгодата се случила вчера, во близина на населбата „Три чешми“, кога М.К.(52) од Куманово, кој управувал патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во работна машина, паркирана надвор од коловозот.
Возачот М.К. се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот сопатник Г.Ѓ.(54) од Куманово, со телесни повреди.
Укажана им е медицинска помош во Клиничката болница Штип, а увид на местото извршила екипа од СВР Штип.