Повредено дете при судар на мотор и велосипед
08.06.2020 09:13
| KumanovoNews
На крстосницата од ул.„300“ и ул.„260“ во Куманово, вчера во 15.30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу четирицикл „јамаха“, со бугарски национални ознаки, управуван од С.Ј.(46) од Куманово и велосипед управуван од шестгодишно дете од Куманово.

По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.