Позајмил автомобил, па не сакал да го врати
10.08.2017 13:33
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Љ.(44) од Куманово, за сторено кривично дело затајување.

Пријавениот на 26.06.2017 година противправно присвоил патничко моторно возило „Пежо RCZ“ , кое му било доверено од страна на А.С. под изговор да оди во Струга и за два дена да му го врати возилото. Возилото не било вратено на сопственикот по договореното време, со што пријавениот се стекнал со имотна корист од околу 1.230.000 денари.