Мени

Пожар на ниска вегетација во Проевце

11.07.2025 14:53 | KumanovoNews

Пожар на ниска вегетација суви дрвја и трева денеска е регистриран во Проевце - поранешен Хотел КУ-БА, според информациите од СВР Куманово и ТППЕ – Куманово.

Пожар на ниска вегетација во Проевце

„Апелираме до граѓаните да не опожаруваат стрништа и суви треви особено во овој период за да не дојде до појава на пожари. Потсетуваме дека на територија ната цела држава е прогласена кризна состојба за полесно справување со пожарите, а на сила е и забраната за движење во шумите“, соопшти од Општина Куманово.

Центарот за управување со кризи соопшти дека има поажер и во селото Ругинце во општина Старо Нагоричане.