Пожар на нива со жито во Лопате
01.07.2021 05:57
| KumanovoNews
Во пожар вчера изгоре жито на нива во кумановското село Лопате. Пожарот избувнал околу 13.30 часот, а пожарникарите им требало два часа да го стават под контрола.

„Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на денот бележи интервенција на опожарено површина со жито во атарот на с. Лопате. Интервенирано со 1 ПП возило и 5 пожарникари во период од 13,30 до 15,20 часот“, соопшти Регионалниот центар за упрваување со кризи (РЦУК).
Причина за пожарот, големина на опожарената површина и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува.