Пожар во куќа на „Миле Кипра“
10.10.2020 07:29
| KumanovoNews
Изгоре дел од семејна куќа на улицата „Миле Кипра“ во Куманово. Пожарот избувнал вчера во 12.40 часот, а пожарникарите го гаснеле два часа.

- Опожарена е семејна куќа на ул. „Миле Кипра“ бр 40. Зафатена е кровната конструкција на објектот. Интервениравме со две возила и 6 пожарникари во гаснење на пожарот. Пожарот е локализиран и завршен во 14,35 часот, - соопштуваат од ППЕ Куманово.
Причина како и висина на материјалната штета допрва ке се утврдува.